Кабелскиот оператор United Group ќе инвестира 600 милиони евра во земјите од регионот

- Advertisement -

Кабелскиот оператор United Group, во чија сопственост се SBB, Telemach и Total TV, вчера најави дека во Јуогисточна Европа во наредните 5 години ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), пишува Bizlife.

United Group е каблески оператор за телевизија, Интернет, фиксна и мобилна телефонија кој ќе инвестира во развој на инфраструктурата, работни места и ќе отвори нови работи. Претседателот на ЕБРД, сер Сума Чакрабарти, како домаќин на Годишното собрание и на бизнис форумот EBRD 2018 во Јордан, за тоа разговараше со претседателот на Управниот одбор на United Grоup, Драган Шолак.

- Advertisement -

Потпретседателот на ЕБРД за банкарски работи, Алан Пилу, изјави деа соработката со United Group и со најголемиот акционер во компанијата, компанијата KKR, претставува вистинска приказна за успех. „Нашата заедничка посветеност на регионот и досегашните резултати ни влеваат доверба за идни успеси, особено поради тоа што United Group продолжува да инвестира во регионот“ додаде Пилу.

ЕБРД е еден од клучните инвеститори во Југоистчна Европа со околу милијарда евра вредност на нови проекти секоја година. United Group е еден од водечките работодавци во регионот со повеќе од 3.400 вработени во разни области, вклучувајќи технологија, производство, развој на софтвер и медиуми. Компанијата постави или изнајми повеќе од 15.000 километри оптички кабли во Србија, БиХ, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Словенија.

- Advertisement -

ЕБРД во 2004 година инвестираше во кабелскиот и интернет оператор SBB во Србија. Спојувањето на SBB со телекомуникациските компании Telemach Slovenija и Тelemach BiH во 2012 година резултираше со создавање на United Group. Глобалната инвестициска компанија KKR во 2014 година стана мнозински сопственик на United Group.

Сподели!
- Advertisement -