Над 90 млади луѓе развиваат решенија за паметни градови на ReThink креативниот маратон на Solveo

- Advertisement -

Овој викенд од 11 до 13 мај, Solveo го организира ReThink креативниот маратон на тема Rethinking how the city works and lives, кој има за цел да ги донесе на едно место креативните млади луѓе кои ќе развиваат иновативни решенија користејќи современа технологија кои би се имплементирале во Скопје со цел да се подобри начинот на кој функционира и живее градот.

Официјалното отворање на маратонот се случи вчера каде пријавените учесници имаа можност прво да слушнат како и во кои сфери од секојдневието можат да се имплементираат вакви решенија благодарение на технологијата и дигитализацијата од македонски професионалци кои веќе работат на ова поле како Глигор Дачевски од DOXTEAM, Давид Павловски од Kiimo, Eлена Драгановска од InPlayer, Хајан Селмани од HASELT, Ира Стефанов Бабиќ од BRANDUNION и други.

- Advertisement -

На отворањето можеше да се слушне за паметни згради и како тие функционираат, се зборуваше за економијата на споделување односно за паметна мобилност, за монетизација на дигитални производи, за маркетинг комуникацијата во паметните градови и многу други теми, после што започна и маратонот кој ќе трае три дена, односно во текот на целиот викенд.

- Advertisement -

„Преку Solveo како агенција за иновации, се обидуваме да имплементираме што е можно повеќе иновативни решенија во Македонија. До сега сме организирале повеќе вакви слични настани како креативниот маратон но со помалку учесници, а овојпат решивме да направиме нешто поголемо. Имаме над 90 учесници, млади луѓе кои ќе работат во тимови и целта е да се донесат што е можно повеќе креативни решенија за да се подобри начинот на кој функционира градот Скопје, со тоа што првите три тима ќе бидат и наградени за нивните решенија. Овде се и претставници од компании кои треба да видат какви решенија се развиваат и доколку се заинтересирани да стапат во контакт со тимовите.“, изјави Драгана Нешовска, сопственик на Solveo.

Постои шанса некои од креативните решенија кои ќе произлезат од маратонот и да се имплементираат, а како што вели и Драгана, тоа ќе зависи од решението, од тоа колку дополнителна работа би била потребна за да се развие и од интересот на некоја од компаниите.

- Advertisement -

Се пријавив на маратон најмногу за да стекнам ново искуство, но и за да бидам дел од настан на кој ќе се дискутира и ќе се развиваат креативни решенија за паметни градови. Сакам да придонесам кон развивање на едно вакво паметно решение кое еден ден ќе може да се реализира. Една од идеите на кои би работеле е паметен паркинг односно систем преку кои автомобилот би бил конектиран и ќе може да добива информации за најблиските слободни паркинг места и како да се стигне до нив.“, изјави Цветанка Шемова, учесник на креативниот маратон.

Концептот на Smart Cities е еден од трендовите на иднината кој претставува спој на продукти и информации од различни области на секојдневниот живот поврзани преку технологијата и пренасочување на нивната намена. Токму поради неговата застапеност во развиените земји претставува предизвик да се поттикне креативноста и кај нашата младина и да се одговори на тој предизвик со соодветни решенија за градот Скопје.

(Фото: Solveo)

Сподели!
- Advertisement -