Пет совети за менаџирање на времето кои ќе ви помогнат во кариерата

- Advertisement -

Со постојано учење на нови вештини, постои едно нешто кое може да ви помогне да бидете успешни – контрола над тоа како го поминувате времето.

Успешните луѓе често добиваат прашања од типот „Како ти успева да го направиш сето тоа во денот?“, а одговорот најверојатно е дека секој ден си ги извршуваат задачите со агенда.

- Advertisement -

Ако немате јасно дефинирани обврски во текот на денот, особено на работното место, лесно може да заостанате зад роковите, а за да го спречите тоа, треба ефикасно да почнете да менаџирате со времето.

1. Откријте на што ви оди времето

- Advertisement -

Следете што правите во рок од една седмица и колку време ви е потребно да одвоите на активностите. Откако ќе ги добиете резултатите, анализирајте ги за да идентификувате каде треба да внесете промени.

2. Планирајте однапред

- Advertisement -

Седнете на мирно место најдобро на почетокот на денот, односно наутро и одвојте околу петнаесет минути за да си го испланирате денот, а и неделата која ве очекува доколку веќе знаете за терминот и датумот на некои обврски како на пример состаноци. Запишете ги клучните обврски и задачи кои сакате да ги остварите.

3. Поставете приоритети

Рангирајте ја својата листа на задачи за да можете да добиете јасен преглед на најважните активности, како и оние кои ви се најмалку важни.

4. Определете време за задачите

Распоредете го времето кое ќе ви биде потребно да ги завршите високо приоритетните задачи и проекти за во текот на денот. Потоа, определете го времето за активностите кои ви се со среден приоритет. Ако ви е потребно повеќе време за некоја од задачите кои сте ги рангирале пониско на листата, можеби ќе треба да ги одложите и да ги оставите за период кога ќе имате повеќе време да ги завршите.

5. Определете време за проверување на електронска пошта

Одвојте си време во текот на денот за проверување на електронска пошта, како на пример на почетокот на денот, непосредно пред или после ручекот или на крајот на денот. Одбегнувајте да ја проверувате електронската пошта во било кое време кое нема да е назначеното бидејќи доколку ја проверувате во период кога треба да сте посветени на некоја задача, тогаш само ќе се дефокусирате од она што е навистина важно.

Сподели!
- Advertisement -