Калифорнија почна да користи програма која следи што пишуваат жителите на социјалните мрежи

- Advertisement -

Калифорнија почна да користи програма која следи што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. Западниот дел од Сакраменто во Калифорнија ја стартуваше контроверзната програма ZenCity, која ги анализира сите јавни објави на Facebook, Twitter и на Instagram за да дознaе повеќе информации за тоа како размислуваат корисниците на социјалните мрежи, да ги дознае нивните ставови и интереси.

Градските власти велат дека ова им овозможува брзо да реагираат на проблемите на граѓаните, но многумина се и загрижени дека ова води кон масовно собирање податоци како што беше случајот со Facebook и Cambridge Analytica, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

„Оваа програма ни овозможува да ја слушнеме целата заедница, а не само најгласните кои доаѓаат во нашите канцеларии“, изјави градоначалникот Кристофер Кабладон. Западен Сакраменто е првата американска држава која ја прифати програмата ZenCity, но програмата наголемо се користи во светот. Поради оваа програма многу корисници на социјалните мрежи ги променија своите профили од јавни во приватни.

Сподели!
- Advertisement -