Американската вселенска агенција НАСА објави дека до 2020 година ќе го испрати првиот мини хеликоптер на Марс што ќе помогне во изучување на црвената планета.
Како што пишува Poslovni Dnenvik, леталото кое е малку поголемо од бејзбол топка, тежи околу 1,8 килограми со пропелери кои ќе работат 10 пати побргу отколку пропелерите на хеликоптерите на Земјата.
Мини хеликоптерот ќе биде прицврстен за роверот Марс 2020 кој ќе ги истражува околностите на настанувањето на планетата, ќе бара потенцијални знаци на живот и ќе ги проценува природните ресурси и опасностите за идните истражувачи на планетата.
НАСА го опиша проектот како високоризичен, но и како технологија која може многу да придонесе кон истражувањето на планетата. Роверот Марс 2020 ќе биде лансиран од Кејп Канаверал на Флорида во јуни 2020 година и ќе пристигне на Марс во февруари 2021 година.
„НАСА е горда на својата пионерска историја. Идејата за хеликоптерот кој ќе лета на небото на друга планета е неверојатно возбудлива.“, изјавил Џим Бринденстајн, директорот на вселенската агенција.