Новиот говорник на конференцијата Spark.me 2018 e Итај Талгам, диригент, тренер за лидерство и TED говорник

- Advertisement -

Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, која ќе се одржи од 26 до 27 мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25 мај) и чиј генерален спонзор е m:tel, го објави името на новиот главен говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Итај Талгам, симфониски диригент кој стана и „диригент на луѓето“ – во државна администрација, бизнис, образование, здравство и сите области во кои е потребно да се создава нешто ново преку соработка меѓу луѓето.

Талгам е консултант во областа на лидерството и соработува со најголемите светски компании, непрофитни организации и универзитети. Тој беше и говорник на некои од најпознатите конференции во светот како TED, Google Zeitgeist и на Светскиот економски форум во Давос. Неговиот говор на TED конференцијата од 2009 година има повеќе од три милиони прегледи на интернет. Неговата прва книга, The Ignorant Maestro е објавена во 2015 година.

- Advertisement -

Тој е ученик на легендарниот американски диригент, композитор и пијанист Ленард Бернстајн, а има диригирано многу оркестри ширум Европа и е првиот израелски диригент кој настапил со Филхармонијата од Санкт Петерсбург, најстариот симфониски оркестар во Русија.

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на девет главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Мајк Масимино, поранешен НАСА астронаут, професор на универизитетот Колумбија и познато ТВ лице кое шест пати се појави во хит серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory); Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; Дејв Бирс, основач на дигиталната маркетинг консултантска куќа чии клиенти биле Google, BBC, ESI Media, Sky; Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот; Џон Буркхарт, наградуван предавач, специјалист за областа содржински маркетинг и коавтор на книгата „Newsjacking: The Urgent Genius of Real-time Advertising“ и Мет Дезмије, стратег кој им помага на брендовите и организациите да станат познати, да го зголемат бројот на купувачи и да развиваат производи за 21. век. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

- Advertisement -

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -