Со технолошка идеја освојте патување до Лас Вегас и учество на CES 2019

- Advertisement -

Пријавете се на натпреварот на технолошки идеи на порталот Bug.hr и освојте хотелско сместување и два повратни билети до Лас Вегас, како и излагачки штанд на CES 2019, најголемиот светски саем за нови технологии.

По големиот успех на претходните четири натпревари Idea Knockout и одличните настапи на победничките тимови, Bug одлучи годинава да го организира јубилејното петто издание на највозбудливиот регионален натпревар на технолошки идеи со идентична награда, пренесува tportal.hr.

- Advertisement -

Idea Knockout 2018 ќе се одржи на 27 септември во просториите на HUB385 воЗагреб со бесплатен влез за сите посетители, а тимовите кои ќе се пријават ќе се борат за повратни билети до Лас Вегас и излагачки штанд на Eureka Park, делот од CES резервиран исклучиво за најдобрите стартапи во светот.

За да се пријавите на Idea Knockout 2018 не мора да бидете стартап и не мора да сте од Хрватска. Доволно е да сте тим со оригинална технолошка идеја, било да се работи за софтвер, интернет-сервис или уред и за својата идеја да имате направено демо или прототип. Не е битно дали имате компанија или не, дали сте компанија или стартап или само студенти, битно е само да сте паметни и да имате храброст и амбиција за светски успех.

- Advertisement -

Пријавата се врши преку веб-страницата на натпреварот http://ideaknockout.com/, каде што се објавени и деталните критериуми. Освен споменатата награда, тимовите кои ќе настапат на Idea Knockout ќе можат да освојат и други вредни награди како мобилни уреди и слотови за настап на Bug Future Show 2019. Освен тоа, сите тимови кои ќе настапат на Idea Knockout  2018 ќе добијат изложбен простор на натпреварот и медиумска промоција во сите изданија на Bug (списанијата Bug и Mreža, порталот Bug.hr, емисијата Bug TV).

CES 2019 ќе се одржи од 8 до 11 јануари во Лас Вегас, САД.

Сподели!
- Advertisement -