Lenovo го подготвува првиот вистински all screen телефон

- Advertisement -

Потпретседателот на компанијата Lenovo, Чанг Ченг, на социјалната мрежа Weibo го најави новиот паметен телефон, а наводно, станува збор за првиот вистински all screen паметен телефон во светот.

Тоа значи дека екранот на идниот паметен телефон ќе ја зазема целата предна страна и дека ќе го ограничува само тенок раб. Од iPhone X ќе се разликува по тоа што нема да го има денес популарниот „заб“ на екранот. 

- Advertisement -

Новиот teaser за паметниот телефон наречен Lenovo Z5 следува откако се појави фотографија која делумно го открива изгледот на уредот и протекоа информации дека екранот ќе зазема 95% од предниот дел.

Ченг наведе дека  Z5 ќе има четири технолошки новитети, вклучувајќи 18 патентирани технологии. За жал, ќе мора да почекаме за останатите детали, особено за камерите.

Сподели!
- Advertisement -