Утре се одржува четвртиот FMCG Summit Скопје 2018

- Advertisement -

На 17 мај во хотелот „Александар Палас“, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи трговскиот настан на годината – 4. FMCG Summit Скопје 2018.

Десет говорници, десет истакнати професионалци од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка (FMCG) од Македонија, регионот, како и од Русија, ќе ги споделат своите знаења и искуства пред повеќе од 300 професионалци од средниот и топ менаџментот на македонските компании.

- Advertisement -

Самитот ќе го отвори г. Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG индустријата во Македонија, кој со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.

Главен говорник на самитот ќе биде г. Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.

- Advertisement -

Г. Џорџ Ангелакис, сениор консултант на Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на самитот, пред присутните ќе ги претстави најуспешните менаџмент-практики од FMCG-индустријата.

Останатите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

- Advertisement -

„Магазинот InStore четврта година по ред го организира FMCG самитот, на кој сме особено горди, затоа што претставува уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво“ изјави Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија

InStore е уникатен регионален проект, месечен магазин за FMCG секторот кој излегува во Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и Словенија. Во секоја од земјите, еднаш годишно, InStore го организира FMCG самитот.

Сите подетални информации за FMCG Summit Скопје 2018 (говорниците, темите, програмата)  можете да ги погледнете на овој линк.

Сподели!
- Advertisement -