1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Кинеско училиште користи софтвер за препознавање лице за да одржува дисциплина кај учениците

Kabtel desktop

Цивилниот надзор во Кина последните години доживува бум, а софтверот за препознавање лице најчесто се користи за да се следат граѓаните. Полицијата ги скенира патниците со очила за препознавање лице, власта користи технологија за да врши надзор над етничките малцинства, а сега технологијата Orwellian најде нова примена – училиштата. Според владината кинеска страница Hangzhou.com, едно училиште во Кина има иснталирано технологија за препознавање лице за да следи колку се внимателни учениците на час, пишува Engadget.

ТРи камери се поставени над таблата во училницата број 11 во средното училиште Хангжу во источна Кина. Системот идентификува седум различни изрази на лицето: неутрален, среќен, тажен, разочаран, лут, исплашен и изненаден за да утврди дали децата се фокусирани на часовите или не. Доколку смета дека не се, компјутерот ќе им каже на професорите. Досега технологијата е поставена само во една училница, но до почетокот на летото ќе се постави во целото училиште.

„Претходно кога имавма часови кои не ги сакам брв мрзелив и можеби ќе дремнев малку на клупата или ќе го разлистував учебникот. Сега не се осмелувам да делувам незаинтересирано затоа што камерите кои се поставени во училницата ќе забележат. Тие се како пар мистериозни очи кои постојано ме гледаат“ вели еден ученик за Hangzhou.com.

Оваа програма наиде на критики во некои делови од Кина, но директорот на училиштетот, г. Ни, верува дека системот ќе ги зголеми образовните стандарди. „Испаѓа дека професорите имаат асистент и ќе се подобри квалитетот на учењето. Некои велат дека ова е инвазија на приватноста на учениците, но камерите ги следат само движењата на учениците, а не ги снимаат. Тие кои се фокусирани на часовите ќе бидат обележани како ученици А, а тие кои се расеани се ученици Б“ објаснува Ни.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •