СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци

- Advertisement -
Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд – оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите, претставува уште една инвестиција на компанијата во развојот на пивската индустрија во Македонија.

СКОПСКО Нефилтрирано е резултат на долгорочен процес, во чија успешност се вложени традицијата на правење на најпознатото македонско пиво СКОПСКО, како и професионалноста, истрајноста и ентузијазмот на вработените во Пивара Скопје, со што компанијата ја продолжува својата заложба за постојано унапредување и иновации во пивската култура во земјата.

„Како компанија која е лидер на пазарот во пивската индустрија и која повеќе од 94 години живее и дише за потребите на нашите консументи, со овој нов производ во портфолиото на СКОПСКО уште еднаш ја потврдуваме нашата долгорочна стратегија за развој на пивската култура, пивската индустрија и економијата во Македонија воопшто. СКОПСКО Нефилтрирано е само уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите врвни пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

- Advertisement -

СКОПСКО Нефилтрирано со неодоливо балансиран вкус, е направено за оние кои не се задоволуваат со малку и секогаш бараат нешто ново и неочекувано. Тоа е одговор на оние кои очекуваат повеќе од вообичаеното и сакаат да го почувствуваат богатиот вкус во секоја голтка.

- Advertisement -

Најновиот член на СКОПСКО семејството спаѓа во „craft“ категоријата на пива, што како термин во пивската индустрија претставува мајсторство за пиво со сопствени и уникатно развиени рецептури. СКОПСКО Нефилтрирано е направено со најдобрите природни состојки и 4,9% алкохол, по оригиналниот традиционален рецепт на СКОПСКО. Едиствентата разлика е во процесот на филтрација, која веруваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови на љубителите на пивото“, објаснува искусниот пивски мајстор и менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов.

Дополнителен интересен податок е тоа што СКОПСКО Нефилтрирано има нестандардна етикета од хартија која целосно го покрива шишето, што дополнително ги збогатува неговите природни и автентични особини, меѓутоа истовремено не дозволува никаква пропустливост на светлината, со цел пивото да остане свежо што е можно подолго.

- Advertisement -

Новиот производ може да се купи во сите подобро снабдени малопродажни објекти почнувајќи од 15.05.2018, а истиот е достапен во стаклена амбалажа од 0,5 л, како и на точење во сите подобро снабдени локали.

 

Сподели!
- Advertisement -