ВИДЕО: Научници создадоа материјал кој менува бои за неколку секунди

- Advertisement -

Замислете да можете една иста чанта да ја носите во секоја пригода и со секаква гардероба, односно да одговара на секое ваше расположение. Научници од Колеџот за оптика и фотоника на Универзитетот на Централна Флорида создадоа материјал кој за неколку секунди може да ја смени бојата со помош на електрично коло од батерија.

Наместо ЛЕД светла, како кај повеќето материјали кои ја менуваат бојата, кај овој нов материјал вие самите избирате која боја или која шара сакате да ја има преку апликација за телефон. На моменталните прототипови може да се избере само  дезен со линии, но научниците се надеваат дека во иднина ќе додадат и други шари. Сега секој ќе може да си избере боја на чанта во согласност со облеката што ја носи.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -