Списанието National Geographic со последното издание започна силна информативна и шокантна кампања наречена „Планета или пластика“.
Вклучениот црвен аларм воопшто не е за изненадување ако се знае дека секоја година повеќе од 8 милиони тони пластика завршуваат во светските океани. Со оглед на фактот дека пластиката не се разградува во вода – тоа значи дека секоја година уште 8 милиони тони се таложат на оние што веќе претходните години се наталожиле. Тоа го загрозува опстанокот на животинскиот и растителниот свет, ја загадува храната која ја јадеме и станува темпирана бомба за опстанокот на планетата Земја!
“Присутноста на пластиката во морињата и океаните е една од најголемите опасности за животинскиот свет”, изјавила Консуело Росауро од локалната власт во Шпанија, откако бил пронајден млад кит чија обдукција покажала дека умрел од преголема количина на ѓубре кој тој ја внел во организмот.
Ова списание самото почна да ја исфрла пластиката. Тие почнале да ги испраќаат своите изданија во хартија наместо пластика. Бидејќи секоја промена, без разлика колку мала изгледа, може да биде од помош.