Apple гради нов кампус вреден милијарда долари – во него ќе вработи 15.000 луѓе

- Advertisement -

Американскиот технолошки гигант Apple инвестира милијарда долари во изградбата на нов кампус во Остин, Тексас. Тоа  дел од нивните планови во текот на наредните пет години да вработат 20.000 нови луѓе во САД. Новиот кампус ќе биде на околу километар оддалечен од постојниот во Остин, кој моментално е дом за 6.200 вработени и воедно најголемиот кампус по нивното седиште во Купертино, Калифорнија.

Apple со овој проект ќе стане најголемиот работодавец во тексашкиот град. Во новиот кампус планираат да вработат 5.000 луѓе, а капацитетите на кампусот ќе бидат доволни за со тек на време да прими уште 10.000 вработени. Исто така, технолошкиот гигант планира да отвори нови канцеларии во Сиетл, Сан Диего и во Калвер Сити, а секој од нив ќе има по повеќе од 1.000 вработени.

- Advertisement -

Стотици нови работни места планираат да отвора и во постојните капацитети во САД, а според најавата од компанијата, има можност да се прошират и во нови американски градови. Инаку, Apple во јануари годинава најави дека ќе инвестира 30 милијарди долари во својата американска инфраструктура и да отвори 20.000 нови работни места во Америка. Засега тврдат дека се на добар пат, а само годинава вработија 6.000 луѓе.

Моментално во САД вработуваат 90.000 луше. Во наредните пет години Apple планира да инвестира 10 милијарди долари во податочни центри.

Сподели!
- Advertisement -