YouTube воведува инкогнито начин на работа

- Advertisement -

YouTube во моментот го тестира инкогнито начинот на работа за својата Android апликација. Ова не е првата компанија која знае дека понекогаш едноставно сакаме никој да не може да види што гледаме на Интернет. Google Chrome, Chromecast, SwiftKey и Gboard апликацијата веќе се опремени со такви опции, па не е изненадување што и YouTube наскорор веројатно ќе добие таква опција, пишува Engadget.

Сурфањето на Интернет е нешто што го правиме механички, но секој клик и секое видео кое го гледаме додека сме логирани на наша сметка се следи во историјата на YouTube, па алгоритмите постојано ви нудат предлози врз основа на тоа што сте го гледале. Секако дека можете да изберете да не ја гледате историјата, но иако не паѓа во очи, секој може да ја види. За среќа, новиот инкогнито начин на работа ќе биде многу помалку упадлив.

- Advertisement -

За да го активирате ќе треба да притиснете на аватарот во горниот десен агол на апликацијата и веднаш под опцијата одлогирање или смена на профил ќе се наоѓа опцијата за активирање инкогнито. Кога ќе работите во инкогнито, вашиот аватар ќе се трансформира во инкогнито таен шпион. Доколку се уште ја немате оваа опција на вашиот Android уред, не грижете се затоа што YouTube засега уште ја тестира кај случајно избрани корисници.

Сподели!
- Advertisement -