ВИДЕО: Flyability Elios е дрон коj стига до недостапни места

- Advertisement -

Flyability Elios претставува голема пресвртница во заедницата на дронови и се користи за да допре до тесни и сложени места каде што човек нема пристап. Дронот може да се користи и во ситуации каде што човечката интервенција би била премногу опасна. Elios може да претрпи судири и е дизајниран да истражува области кои не се достапни. Овој тип на дрон отвора многу нови можности за луѓето и за автономните летала. Има многу апликации каде што ваквата технологија може да го направи невозможното возможно.

Elios е инспириран од инсектите и се фокусира на стабилноста дури и по судир во воздух. Овој дрон е дизајниран да анализира како може да се влезе на недостапни места каде што луѓето би се повредиле доколку се обидат да влезат. Соосновачот на Flyability, Едриен Бриод, вели дека целта на дронот е да ги репродуцира неверојатните движења на инсектите, особено фактот дека може да се судрат со нешто и да продолжат да летаат.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -