Повеќе од 3.000 Швеѓани имаат вградено чипови кои ги користат наместо клучеви

- Advertisement -

Повеќе од 3.000 Швеѓани во изминатите три години вградија минијатурни чипови под кожата за на тој начин да си олеснат себеси и клучевите и личната документација да ги оставаат дома секогаш кога ќе излезат. Чиповите имаат големина на зрно ориз, а од 2015 година наваму полека ги менуваат секојдневните активности на луѓето.

Иако звучи како кошмар, особено за луѓето кои  не сакаат реални шоуа и навлегување во приватноста, за Швеѓаните ова претставува олеснување и им е побитно од потенцијалното задирање во приватносѕа, пишува Klix.ba.

- Advertisement -

Како што пишуваат медиумите, Шведска е една од земјите во кои многу добро се прифаќаат новите технологии, а делењето на личните податоци се зфаќа како неизбежен дел од отвореното општество. Меѓу 3.000 чипирани Швеѓани е и Улика Целсинг. Малиот чип во раката и ја заменува картичката за влез на работа. Го употребува така што раката ја става на скенер и потоа го внесува кодот за отклучување на вратата.

„Забавно е да се испроба нешто ново и да се види за што се би можело да се користи за себеси да си го олесниме животот во иднина“ вели Целсинг, која овој чип може да го користи и за плаќање билети за воз.

- Advertisement -

Државната железничка компанија со новата услуга привлече 130 лица. Кондуктерите треба само да им ја скенираат раката откако тие сеи купиле билет онлајн. Овие чипови користат NFC технологија како банкарските картички, а може да содржат и податоци за разни влезници, автомати итн., но тие примени уште се тестираат.

Целсинг вели дека не се плаши од хакери затоа што денес уште нема доволно развиена технологија за хакирање на чиповите. Додава и дека може чипот да го извади кога сака. Микробиологт Бен Либертон преупреди дека ваквите чипови може да претставуваат ризик од инфекции и рекација на телото, но, сепак, најголемиот ризик е кражбата на податоци.

- Advertisement -

Во иднина веројатно ќе се зголеми количината податоци кои ги носа чиповите и Либертон се прашува што ќе се случи ако чипот детектира здравствени проблеми и кој ќе дознае за сите проблеми и кога. Додава дека со порастот  на количината податоци расте и ризикот по тој што го има чипот.

Сподели!
- Advertisement -