14-годишна девојка открила нов начин на чистење на нафтени дамки со кора од портокал

- Advertisement -

Аника Багаватула е 14-годишна девојка од американското градче Вилтон во Конектикат и е една од финалистите во натпреварот „Discovery Education 3M Young Scientist Challenge“, кој е познат натпревар за наука и инженерство за средношколци во кој победникот добива титула Американски најдобар млад научник и 25 000 долари.

Нејзиниот проект за натпреварот е да се искористат неконвенционални материјали кои за некого се отпад, за да се апсорбира нафтата и еден ден да стане начин на кој ќе се чистат нафтените дамки.

- Advertisement -

„Причината поради која почнав да истражувам за ова е нафтата што се излева на неколку локации и да укажам на опасностите кои ги носи ова загадување на водата за пиење и штетите по растителниот и животинскиот свет. Решив да тестирам дали можат дамките од нафта да се чистат со некој природен материјал кој обично завршува во отпад. Така дојдов до кората од портокал и кората од калинка.“, изјавила Аника.

Таа тестирала некое време за да дојде до одговорот која е совршената комбинација на кора за чистење и вода која е загадена со нафта. Таа дошла до сознание дека кората од портокал најмногу впива од нафтата доколку излевањето е во солена вода, додека пак кората од калинка најмногу впива нафта во слатка вода.

- Advertisement -

Бидејќи кората само го апсорбира маслото, според Аника истото може подоцна и да се реупотреби.

Нејзиниот следен чекор е заедно со менторот да изработат биоразградлив материјал кој ќе биде природно решение за овој проблем.

Сподели!
- Advertisement -