Асортиманот на производи на компанијата PicroBrew од Сиетл се состои од уреди за правење пиво во секакви форми и големини, а неодамна компанијата ја прошири понудата со нови пијалаци. Pico U е универзална машина која прави поздрави варијанти на пијалаци, пишува New Atlas.
Pico U е најновиот производ од линијата составена од Zymatic, компактниот Pico, поевтиниот Model C и дестилаторот на алкохол PicoStill. Новиот додаток на семејството ги има способностите на неговите претходници, но може да прави многу повеќе освен пиво. Pico U може да прави и кафе, а ако додадете уште еден мал филтер, апаратот може да направи и комбуха, газирани пијалаци, чај или ладни пијалаци од кафе.
Сето тоа е возможно со купување на готовите кесички PicoPaks, кои се компост пакети со сите состојки потребни да се направи кој било од пијалаците. Компанијата веќе склучи партнерство со повеќе производители на пиво за да понуди PicoPaks на крафт пиварниците во целиот свет, а сега нуди и посебни вкусови како комбуха со вкус на лимон и ѓумбир, мате чај итн.
PicoBrew стартуваше Kickstarter кампањи за сите претходни уреди и постигна голем успех, па истото го направија и за новиот производ. Крајната цел е 50.000 долари за да почнат со производство, а остануваат уште 35 дена до крај на кампањата. Со донирање 189 долари можете да добиете делукс верзија на Pico U со сите компоненти за правење кафе, пиво и други пијалаци.
Компанијата планира да почне со испорака во јануари 2019 година.