Наскоро во Велика Британија ќе се тестираат паметни семафори. Семафорите на возачите ќе им кажуваат со која брзина да возат за да стигнат да ги фатат сите семафори на зелено светло. Мултинационалната иженерска компанија AECOM развива компјутерска симулација за да види како ќе влијаат овие семафори за намалување на застојот на возилата и намалување на емисијата на гасови преку поефикасно возење.
Концептот на AECOM ќе биде тестиран со симулација на патот A59 во градот Јорк во Англија, пишува DailyMail. AECOM разгледува како новата технологија може да им овозможи на семафорите да „разговараат“ со возачите преку компјутерски модел на дел од градскиот коридор со помош на софтверот за симулација на сообраќаен тек VISSIM.
На овој начин истражувачите ќе можат детално да симулираат како ќе реагира секое поединечно возило во комуникацијата со семафорите. Оваа иновација е една од петте финалисти на натпреварот организиран од Национачната комисија за инфраструктура во Велика Британија, Highways England и Innovate UK за создавање патишта за автономни автомобили.
Постојаното сопирање и тргнување на семафорите ги уништува кочниците на возилата, а забрзувањето за да се стигне зеленото светло на наредните семафори ја зголемува емисијата на штетни гасови.