Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик #ОброкЗаСите

- Advertisement -

Фондот за иновации објави дека рокот за пријавување на јавниот повик за финансирање на проекти за социјално претприемништво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување на #ОброкЗаСите“ кој заеднички го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и Министерство за труд и социјална политика се продолжува до 15 јуни 2018 година.

„Оброк за сите“ е иновациски предизвик со кој се поттикнува создавање на иновативно решение за обезбедување на #ОброкЗаСите ранливи категории на лица и развивање на социјалното претприемништво во Македонија кое треба да придонесе кон зајакнување на солидарноста во општеството.

- Advertisement -

Целта на повикот е изнаоѓање на иновативно решение (пр. платформа) за мобилизирање на храна од пазарните вишоци, ефикасна дистрибуција, администрирање на мрежата (инфраструктура) и учесници, достава до точки каде пристапуваат семејства со потреба за ваква помош. Решението треба да опфати и модел на взаемна интеракција на сите субјекти/учесници во системот.

Јавниот повик #ОброкЗаСите е отворен на 21 март и се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија и граѓански организации што работат во доменот на социјалното претприемништво или имаат намера својата дејност да ја прошират на ова поле.

- Advertisement -

Вкупниот буџет за овој повик изнесува 2 милиони денари.

Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и во PDF формат да се испратат на следната е-маил адреса: obrokzasite@fitr.mk.

- Advertisement -

За сите дополнителни информации може да се обратите до Фондот на адреса ул.„Димитрие Чуповски“ бр. 8 (на Рекорд), на е-маил адресата obrokzasite@fitr.mk или на телефонскиот број  (02) 322 3373.

Сподели!
- Advertisement -