Стопанска банка АД Скопје ја најави четвртата #ВозиПравоВозиЗдраво ревијална трка

- Advertisement -

На 3 јуни, недела, со старт од 11 часот, ќе се одржи четвртата #ВозиПравоВозиЗдраво ревијална трка во организација на Стопанска банка АД Скопје на која пријавените заедно на велосипед, тротинет, ролерки, скироли, бебе колички ќе поминат по празни улици од Порта Македонија до Градски парк. Ревијалната трка одржува со цел подигнување на свеста за користење на алтернативни форми на транспорт.

Со секој извозен метар, Стопанска банка АД Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства.

- Advertisement -

Мапа за движење на ревијалната трка е достапна на овој линк. Секако, во употреба ќе бидат и безбедносни возила за насочување на учесниците.

Стартот на ревијалната трка ќе биде точно во 11 часот поради специјалниот сообраќаен режим кој ќе биде уреден од СВР Скопје. Стартот како и претходните години ќе биде поделен во етапи за да се овозможи максимална безбедност на учесниците. Детската трка и родителите со бебе колички ќе стартуваат на крајот.

- Advertisement -

Лотаријата со 35 вредни награди ќе се одвива во 5 етапи и при секое извлекување модераторот на настанот ќе извлекува бројни награди:

- Advertisement -

За учество, потребна е регистрација на следниов линк. Бројчињата од регистрацијата, учесниците ќе може да ги подигнат и од филијалата i-bank store од понеделник до петок од 09 – 18 часот или пак пред стартот на Порта Македонија, на 3 јуни од 10 часот.

За повеќе информации, посетете го следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -