Македонец на светскиот настан „Отворени денови на пасивна куќа“

- Advertisement -

Македонскиот инженер, Андреј Андреев, единствен од регионов, годинава влезе во тесниот избор на проекти за пасивни куќи кои ќе бидат презентирани на  светски познатата манифестација „Меѓународни отворени денови на пасивна куќа“ (International Passive House Open Days), во организација на Институтот за пасивни куќи (ПХИ) во Дармштаг, Германија.

Андреев, кој воедно е и единствениот сертфициран инженер за пасивни куќи во регионов  ќе се претстави со пасивната куќа која е во завршна фаза на изградба во Шведска.

- Advertisement -

На Андреев ова му е трето учество на оваа реномирана светска манифестација.

Веќе пет години се занимавам со оваа проблематика. До сега имам објекти во Бугарија и во Шведска, но за жал не и во Македонија. Во моментот сме во подготовки за почеток со изградба на првиот сертифициран пасивен објект во Македонија, во населбата Сопиште. Покрај тоа што сум сертифициран за проектирање, изградба и надзор за објекти со стандард пасивна куќа, работам и со многу напредни инструменти и технологии, како што се Blower Door Test, Air and Water Leakage Inspection, Enclosure Integrity Test, IR Thermography, Façade Integriti Test и други мерења, испитувања и дијагностики во градежните објекти, со цел да се добие квалитетот за кој инвеститорите плаќаат, вели Андреев.

Избраните проекти на оваа светска манифестација се ставаат на мапа, а авторите пред заинтересираните посетители го презентираат својот проект и директно им овозможуваат на заинтересираните и потенцијални клиенти да се убедат за квалитетот на пасивната куќа.

- Advertisement -

Овој институт, двапати годишно организира Меѓународни отворени денови на пасивна куќа (International Passive House Open Days). Годинешните отворени денови за лениот семестар се од 8-ми до 10-ти јуни. Пријавувањето на апликантите е во тек и ќе трае до 1 јуни, а засега се избрани осум објекти од шест земји во светот, кои ќе бидат презентирани.

- Advertisement -

Пасивна куќа не означува објект, туку претставува енергетски стандард!

Почетоците на изградба на објекти со овој стандард датираат од 90-те години на минатиот век и веќе е проширен ширум светот. Овие градби се одликуваат со највисок енергетски ефикасен стандрд на светот, но воедно и ги задоволувваат сите барања за највисокиот стандард за удобност.

Заради малата потреба од енергија за греење и ладење, објектите изградени според овој енергетски стандард немаат потреба од активни грејни тела. Станува збор за речиси херметички затворена градба која главно се загрева со пасивни и бесплатни извори на енергија, како што се сонцето, енергијата од луѓето, машините и опремата.

Постојат голем број на важни елементи и критериуми, но основен е дека енергетските загуби се минимизирани и потребите за енергија за греење и ладење не смеат да надминат 15 kW/m2 годишно.

Според информациите вклучени во Директивата на Европскиот парламент, објектите се одговорни за 40% од вкупната потрошувачка на енергија во Европската унија. Затоа, намалување на потрошувачката на енергија и искористувањето на енергијата од обновливи извори на енергија во градежништвото, се важни мерки кои се потребни за да се намали енергетската зависност на Унијата.

Намалена потрошувачката на енергија за греење до 90%


Концептот за пасивни куќи денес претставува највисок енергетски стандард во светот, намалувајќи ја потрошувачката на енергија за греење до неверојатни 90%. Масовната примена на овој стандард, особено во големите згради и јавни објкти  би имала драматично влијание на заштедата на енергија и намалувањето на емисијата на стакленички гасови.

[quote]Иницијална инвестиција во пасивна куќа е околу 15%  повисока од инвестирањето во конвенционална куќа[/quote]

Трошоците за изградба на пасивни куќи според примери од практиката не мора да бидат поголеми од трошоците за изградба на конвенционална куќа според важечките стандарди. Но, обично иницијална инвестиција во пасивна куќа е околу 15%  повисока од инвестирањето во конвенционална куќа, но, по неколку години инвестицијата се исплатува и трошоците понатаму се многу поевтини.

Во последните 10-тина години во Европа се изградени повеќе од 15.000 градби по стандардот за пасивна куќа, од индивидуални до колективни домови, фабрики, училишта и канцелариски згради.

Еве како изгледа пасивната куќа на Андреев која е во завршна фаза на изградба во Шведска:

Сподели!
- Advertisement -