Организацискиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во југоисточна Европа, која ќе се одржи од 26 до 27 мај во Будва (со серија специјализирани работилници закажани за 25 мај) и чиј генерален спонзор е m:tel, ги објави имињата на два нови главни говорници на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за киборг уметниците Нил Харбисон и Мун Ривас.
Нил Харбисон боледува од ретка болест наречена ахроматопсија – роден е целосно слеп за бои и светот го гледа во нијанси на сиво. Поради недостатокот на способноста да разликува бои, но и поради желбата да го унапреди своето тело и личност, во 2004 година Харбисон си вградил антена на задниот дел од главата како продолжување на ‘рбетниот мозок. Сензорот од антената ја открива фреквенцијата на бојата и испраќа звучни сигнали до мозокот со што Харбисон всушност ги „слуша“ боите. Тој стана првиот официјално признат киборг во светот кога успеа да ја убеди британската влада да му дозволи да се слика со антената за пасош. Неговиот говор на конференцијата TEDGlobal од 2012 година има преку 2,7 милиони прегледи на интернет.
Мун Ривас има вграден сеизмички монитор благодарение на кој во стапала ги чувствува земјотресите кои се одвиваат секаде во светот, а од неодамна и сеизмичките активности на Месечината. Таа ги прима вибрациите од земјотресите во реално време со што се чувствува како да е поврзана со Земјата и Месечината и подоцна ги трансформира во танц.
Харбисон и Ривас во 2010 година ја основаа меѓународната фондација Киборг која им помага на луѓето да станат киборзи, ги штити правата на киборзите и ја промовира уметноста кои ја создаваат киборзите. Со додавање на сензори и органи, се проширува човечкото искуство и се станува трансвид, поради што тие во 2017 година ја основаа и Асоцијацијата Трансвид, здружение кои ги штити правата за самодизајнирање и нуди можност за создавање на нови сетила и органи во рамки на заедницата.
Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на девет главни говорницина конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Мајк Масимино, поранешен НАСА астронаут, професор на универизитетот Колумбија и познато ТВ лице кое шест пати се појави во хит серијата „Теоријата за големата експлозија“ (The Big Bang Theory); Денис Ли Јон, експерт во областа на брендирањето, консултанка и авторка на неколку бестселери; Итај Талгам, првиот израелски диригент кој настапи со Филхармонијата од Санкт Петерсбург, тренер за лидерство и TED говорник; Ксенија Чуми, дигитална инфлуенсерка во областа на високата мода со преку 7 милиони следачи на социјалните мрежи; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; Дираж Мухержи, коосновачот на Shazam; Дејв Бирс, основач на дигиталната маркетинг консултантска куќа чии клиенти биле Google, BBC, ESI Media, Sky; Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот; Џон Буркхарт, наградуван предавач, специјалист за областа содржински маркетинг и коавтор на книгата „Newsjacking: The Urgent Genius of Real-time Advertising“ и Мет Дезмије, стратег кој им помага на брендовите и организациите да станат познати, да го зголемат бројот на купувачи и да развиваат производи за 21. век. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.
Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра.Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.
Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.
Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.
Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.
За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.