Шуда Грам е првиот дигитален супермодел со 100.000 следбеници на Instagram

- Advertisement -

Шуда Грам е супер популарен црномурест модел во виртуелниот свет – има околу 100.000 следбеници на Instagram. Шуда на Instagram пишува во прво лице и на своите следбеници им се обраќа како да е реална. Но, Шуда Грам е првиот светски дигитален супермодел, а ја создаде фотографот Камерон Џејсм Вилсон.

Кога се појавија нејзините фотографии на Instagram посетителите на нејзиниот профил беа одушшевени и пишуваа „Зошто не се супермодел?“ Но, тогаш, почна да се јавува сомнеж и некои почнаа да се прашуваат „Реална ли си? Нема шанси“ – коментираа други. 

- Advertisement -

Најпосле се дозна дека Шуда Грам не е вистинска личност. Таа е дигитален модел создаден со помош на 3Д моделирање. Нејзиниот креатор Вилсон ја опиша Шуда како уметничко дело во своето интервју за Business Insider.

Вилсон изјави дека се колебал дали да ја открие вистината за Шуда затоа што сакал да ги види реакциите на луѓето на неговото уметничко дело.

- Advertisement -

Сакав да видам дали луѓето ќе мислат дека е реална или не. За секој што се занимава со 3Д технологија или со дигитална уметност се смета за голем комплимент ако луѓето не можат да откријат дали вашата работа е реална или не“, објасни Вилсон.

За создавање на една фотографија од Шуда се потребни околу 3 дена, а е обликувана по неговата омилена Барби кукла – принцезата од Јужна Африка. Уметникот најави и дека Шуда наскоро ќе добие друштво.

- Advertisement -

„Сака да истражувам различни верзии на убавината. Планот ми е да создадам уште дигитални модели кои ќе живеат на Instagram“, додава Вилсон.

Моментално разработува идеи за уште неколку ликови, од кои едниот го опиша како првиот вонземски супермодел на светот. Соработува со африкански цртачи на стрипови и се надева дека ќе создаде графички роман полн со дигитални ликови:

„Модата е досадна и заглавена во минатото. 3Д моделите внесуваат малку забава во модата. Сакам да создадам приказна и свет кој е графички роман, каде што наместо суперхерои ќе има супермодели“, изјави Вилсон.

Сподели!
- Advertisement -