ВИДЕО: Со стегачот Myo можете да ги контролирате уредите во домот

- Advertisement -

Пред неколку години компанијата Thalmic Labs г претстави стегачот за рака кој се контролира со мускулите Myo. Со овој стегач контролирањето на уреди со гестови кое можевме да го видиме на филмот Minority Report стана реалност

Myo е лесен, еластичен стегач за рака кој се состои од повеќе метални контакти кои ја мерат електричната активност во мускулите во подлактицата за да се пренесат движењата на раката до уред конектиран преку Bluetooth.

Поставувањето и синхронизацијата на стегачот со USB приклучок е лесно како вклучување на лаптоп. Кога ќе го поставите, можете директно да го конектирате преку Bluetooth со други уреди и истоите да ги контролирате.

- Advertisement -

Myo е удобен за носење, но секако дека не е незабележлив. По првичното подесување Myo ќе ви објасни кои гестови ги препознава: поставување нa подлактицата под агол од 90 степени, отворање и затворање на дланката и пукање со прстите.

- Advertisement -

Проблемот е што е ограничен на неколку одредени гестови, од кои некои се малку тешки за изведување и не ги препознава гестовите доколку не ги направите точно и прецизно. Иако е навистина корисен систем за некои активности како што е пуштање и следење на презентација од другиот крај на собата, може да се појават грешки и да не препознава гестови доколку ви е повишен крвниот притисок или сте под стрес.

Myo може да се купи онлајн за 199 долари.

Сподели!
- Advertisement -