Нова атракција во Скопје, Индијана Џонс конечно во The Cube

- Advertisement -

Премиера на Индијана Џонс, но овој пат не на филмското платно!
На 20.05.2018 се отвори новата соба во The Cube – Escape room, The temple of doom.  Овде може да влезете во улога на д-р Хенри Џонс (Индијана Џонс) и почувствувајте го адреналинот додека во живо поминувате низ истиот авантуристички заплет како карактерот во филмот. Автентичноста на собата ќе направи да заборавите кои сте и 60 минути да се чувствувате како најдобриот професор по археологија и воедно акционен херој. Вашата задача е да ги пронајдете сите камења и да се ослободите од светата клетва на Шива пред да ве стигне судбината на претходните истражувачи.

The Cube – Escape room се отвори минатата година и доживеа вистински бум со првата соба инспирирана од хорор филмот „Пила“. Повеќе од 300 групи составени од адреналинџии, гејмери, логичари, ја имаат посетено оваа соба. Доколку и вие сте љубители на хорор жанрот, собата Saw е вистинското место за забава.

- Advertisement -

Единствен услов за да играте во собите на The Cube е да соберете тим од максимум 6 играчи и да сакате предизвици. Очекувајте многу загатки насекаде низ собите кои со текот на играта ќе ве одведат до крајниот излез. Тимската работа е неопходна, но и индивидуалната логика. Оваа интересна активност е примамлива за секое друштво како и одлична, уникатна идеја за тим билдинг.

- Advertisement -

Резервирајте термин на www.thecube.mk
Следете ги сите случувања и новости: facebook.com/thecubeescaperoom и instagram.com/thecube_escaperoom

Сподели!
- Advertisement -