Правило на 5 часа – навика со која познатите како Бил Гејтс и Опра станале успешни

- Advertisement -

Многу познати претприемачи како Бил Гејтс, Ворен Бафет и Опра се водат според едно многу едноставно правило за успех. Иако сигурно имаат исполнети агенди, овие лидери барем еден час дневно или барем пет часа во неделата минуваат во активности за личен развој и учење.

Овој феномен се нарекува правило на 5 часа и содржи три категории: читање, рефлексија и експериментирање.

- Advertisement -

1. Читање

Опра Винфри има изјавено во неколку наврати дека книгите се во голем дел заслужни за нејзиниот успех: „Книгите беа мојот билет за лична слобода“, има изјавено таа. Своите читачки навики Опра ги споделува и со светот преку својот клуб за книги.

- Advertisement -

Еве кои други милионери споделиле дека читањето им е рутинска навика:

- Advertisement -
  • Ворен Бафет минува 5 до 6 часа дневно читајќи весници и корпоративни извештаи
  • Бил Гејтс чита 50 книги годишно
  • Марк Цукерберг чита најмалку една книга секои две недели
  • Илон Маск пораснал читајќи по две книги на ден
  • Ден Гилберт чита еден до два часа дневно

2. Рефлексија

Петчасовното правило може да го користите за рефлекција или време за размислување.

На пример, извршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајснер минува два часа во денот само за размислување. Милијардерот Реј Далио, кога ќе направи некоја грешка во системот, ги известува сите свои вработени да ја видат и после заедно дискутираат и размислуваат за тоа како настанала. Сара Блејкли, креаторката на Spanx има изјавено дека поседува околу 20 нотеси во кои постојано ги забележува предизвиците со кои се соочува, како и добрите работи кои произлегле од нив.

3. Експериментирање

И на крај, петчасовното правило може да го искористите и во обликот експериментирање.

Во текот на својот живот, Бенџамин Френклин постојано издвојувал време за експериментирање, планирање и унапредување на своите силни страни. Денес пак, Google се познати по тоа што им овозможуваат на своите вработени 20% од своето работно време да го минуваат експериментирајќи на нови проекти.

Што може да се заклучи?

Оние што ќе се одлучат да го применат петчасовното правило имаат големи предности во животот. Само пет часа неделно посветени на учење, ќе резултира со значајни поместувања. Исто така, долгорочните исходи од неучењето се исто толку штетни колку и водењето нездрав живот.

Сподели!
- Advertisement -