Научници изумија формула за бранење пенали

- Advertisement -

Сите знаеме дека математиката не оди рака под рака со фудбалерите како што одат манекенките, но холандски научници од Универзитетот Врије сметаат дека математиката може да им ги подобри перформансите на фудбалерите, барем што се однесува на чуварите на мрежата и пеналите.

Токму затоа научниците развија сложена формула која, меѓу другото, при пресметувањето ги зема променливите тајминг, позиција на голман, брзина и оддалеченост од голманот за да помогне при бранењето на ударите од белата точка, пишува Vidi.hr.

- Advertisement -

Во формулата треба да се внесе брзината на голманот, позицијата на која топката ја преминува линијата и нејзината почетна позиција. Тоа се дели со времето кога играчот ја удира топката и времето кое топката го поминува во воздух. Научниците тврдат дека ова на голманите ќе им овозможи перфектно да го темпираат своето фрлање налево/надесно, што е клучно за бранење пенали.

На еден просечен голман му се потребни околу 0,6 секунди за да ја досегне левата или десната страна од стативите со максимално истегнување при скокот и една цела секунда за да ја испружи раката, што остава многу малку време за висуелна проценка на летот на топката и нејзиното движење.

- Advertisement -

Формулата ќе се применува за секој голман поинаку во зависност од тоа колку е брз, па научниците советуваат голманите што повеќе да вежбаат агилност. Исто така, наведуваат дека формулата ќе помогне за правење стратегии, на пример, ако некој играч е блиску до голот, што голманот речиси е невозможно да го одбрани.

„Ние можеме да ги посоветуваме колку време можат да чекаат, што ќе им даде шанса подобро да ги искористат информациите при одлуката на која страна ќе тргне топката“ вели научникот Џон ван дер Камп, кој додава дека формулата ја развиле откако направиле повеќе студии за бранењето пенали.

Сподели!
- Advertisement -