Ова се градовите во кои најдобро се заработува

- Advertisement -

Deutsche Bank и годинава ги мапираше големите градови низ целиот свет според трошоците за стоки и услуги и го анализираше животниот стандард на граѓаните – од просечната цена на кирија до онаа на една кутија цигари, а резултатите ги преточи во извештај.

Како што пишува Business Insider, извештајот рангирал топ 28 градови во кои се заработуваaт најмногу пари.

- Advertisement -

Еден од факторите за извлекување на заклучоците била просечната нето-плата како показател за нивото на богатство во одреден град. Општо земено, градовите на врвот од оваа листа се финансиски центри како Лондон, Њујорк и Франкфурт, каде што трошоците за живот се повисоки, а како резултат на тоа, повисоки се и платите.

Исто така, што се однесува до географската локација, најдобро котираат градовите од северната хемисфера, односно од развиените западни земји, но листата дава надеж и за јужната хемисфера, со градови како Мелбурн и Велингтон во Нов Зеланд.

- Advertisement -

Градот со највисока просечна месечна нето-плата е швајцарскиот Цирих, со 5.764 американски долари. Еве кои се другите градови:

  1. Цирих, Швајцарија – 5.764 долари
  2. Сан Франциско, САД – 4.974 долари
  3. Њујорк, САД – 4.115 долари
  4. Сиднеј, Австралија – 3.914 долари
  5. Бостон, САД – 3.740 долари
  6. Осло, Норвешка – 3.664 долари
  7. Чикаго, САД – 3.650 долари
  8. Копенхаген, Данска – 3.462 долари
  9. Дубаи, ОАЕ – 3.447 долари
  10. Франкфурт, Германија – 3.389 долари
  11. Лондон, Обединето Кралство – 3.381 долари
  12. Мелбурн, Австралија – 3.263 долари
  13. Сингапур – 3.099 долари
  14. Амстердам, Холандија – 3.058 долари
  15. Токио, Јапонија – 3.004 долари
  16. Стокхолм, Шведска – 2.999 долари
  17. Хелсинки, Финска – 2.988 долари
  18. Велингтон, Нов Зеланд – 2.946 долари
  19. Париз, Франција – 2.886 долари
  20. Даблин, Ирска – 2.762 долари
  21. Окленд, Нов Зеланд – 2.723 долари
  22. Единбург, Велика Британија – 2.565 долари
  23. Хонг Конг – 2.550 долари
  24. Торонто, Канада – 2.519 долари
  25. Берлин, Германија – 2.482 долари
  26. Брисел, Белгија – 2.480 долари
  27. Ванкувер, Канада – 2.458 долари
  28. Виена, Австрија – 2.425 долари
Сподели!
- Advertisement -