Vip Spirit – нова тарифа наменета за млади

- Advertisement -

Вип продолжува со надополнување на своето тарифно портфолио, овој пат со тарифа специјално создадена за младите – Vip Spirit.

Новиот тарифен модел Vip Spirit, како и Vip Spirit SIM е достапен за корисници од 18 до 26 години и има специјална Ноќна опција, за неограничен интернет во периодот од 12 часот на полноќ до 6 часот наутро.

- Advertisement -

Вип е компанија која постојано е насочена кон истражување на потребите на своите корисници со цел креирање на идеални понуди за нив. Тарифата Vip Spirit ја создадовме за младите кои покрај постојаната комуникација во текот на денот, имаат и потреба од неограничен интернет во текот на ноќта што го користат за учење, слушање музика но и за гледање на својата омилена серија.”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка на Вип.

Со Vip Spirit корисниците за 799 денари месечна претплата добиваат неограничени минути и неограничени SMS кон сите национални мрежи, 5GB месечен интернет со 4G брзина, како и неограничен интернет во периодот од 12 часот по полноќ до 6 часот наутро во текот на првите 24 месеци од договорната обврска. Со секоја нова или постоечка обнова на Vip Spirit тарифниот модел, корисниците ја добиваат можноста да  добијат и дополнителен попусти за одредени телефони.

- Advertisement -

За младите кои сакаат поголема флексибилност достапен и Vip Spirit SIM, со договорна обрвска на неопределено времетраење и само со SIM картичка, за месечната претплата од 649 денари. Тарифните модели Vip Spirit можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип со дополнителен попуст од 149 денари.

Повеќе информации за Vip Spirit тарифните модели можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на  077 1234.

Сподели!
- Advertisement -