НБРМ организираше работилница за финансиски технологии

- Advertisement -

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) вчера организираше работилница посветена на ФинТек односно финансиски технологии.

Како што соопшти НБРМ, на работилницата дел од стручните лица на централната банка подетално се запознавале со  новата финансиска индустрија и било анализирано колку е актуелно ова прашање во глобални рамки и какви се досегашните искуства на земјите каде што има развиена ФинТек индустрија и во земјите во развој.

- Advertisement -

„Темата ФинТек добива сѐ поголемо внимание во централнобанкарската заедница, вклучително и во нашата централна банка. Ние, внимателно го следиме развојот на ФинТек, проценувајќи ги придобивките и ризиците што тие ги носат и се обидуваме да го постигнеме оптималниот бенефит, имајќи го предвид локалниот контекст. Важен чекор во оваа насока е нацрт-законот за плаќања, кој се очекува да обезбеди импулс за нови иновативни компании со иновативни, но безбедни финансиски услуги,”, истакналa Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерката на НБРМ.

Како што пренесува Bankarstvo.mk, nеколкучасовната работилница ја водел Џеј Тикам, експерт во областа на ФинТек, којшто има 26-годишно работно искуство во областа на комерцијалното работење, од кое дваесет и две години работи во сегментот на финансиските услуги. Акцентот на неговата презентација бил на согледување и анализирање на ФинТек од позицијата на централните банки, при што на стручните лица од Народната банка им пренел бројни искуства и ставови на други централни банки од Европа.

- Advertisement -

Народната банка на РМ, ја организираше работилницата со поддршка од Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ).

Сподели!
- Advertisement -