Холандската компанија MVRDV ќе отвори технолошки центар во Тирана

- Advertisement -

Холандската компанија MVRDV ги откри своите планови да отвори нов едукативен технолошки центар во главниот град на Албанија, Тирана, кој ќе биде сместен во пирамидален споменик од комунизмот. Tirana Pyramid во центарот на градот е изграден во 1988 година, но оттогаш е употребуван за различни цели. Најпрвин бил музеј за комунистичкиот лидер на Албанија, Енвер Хоџа, а потоа бил и привремена база за НАТО во текот на војните на Балканот, па ноќен клуб и центар за одржување настани, пишува Dezeen.

И покрај плановите да биде претворен со национален театар, овој простор со површина од 11.800 квадратни метри стои празен веќе 10 години. Компанијата MVRDV со седиште во Ротердам сега оваа пирамида ќе ја трансформира во технолошки едукативен центар за млади во обид да ја врати зградата на јавноста.

- Advertisement -

Зградата има симболично значење за многу Албанци. За постарите генерации е споменик на културните настани од комунизмот, за помладите е место за прославување на новата ера“ вели соосновачот на MVRDV, Вини Маас.

Со реновирањето бетонските краци на надворешниот дел ќе бидат претворени во скали до терасата на покривот. Тоа е клучен елемент од дизајнот затоа што дури и кога зградата не се користела за ништо младите се качувале на покривот за да се дружат. Џиновските краци внатре ќе бидат шупливи и ќе служат како места за изложување.

- Advertisement -

Проектот треба да биде комплетиран во 2019 година и е само еден од неколкуте проекти на кои моментално се работи во Тирана. Данската компанија BIG работи на театар со форма на вратоврска во форма на пеперутка, додека италијанското студио Stefano Boeri Architetti гради 24-часовни училишта кои истовремено ќе бидат општински центри.

Сподели!
- Advertisement -