Компанијата Heineken Hrvatska, на кровот на својот погон во градот Карловац инсталираше 1.380 соларни панели кои годишно ќе произведуваат околу 395.000 киловат часови електрична енергија, пишува SEEbiz.
Истото количество на електрична енергија всушност и ќе го заштедуваат на годишно ниво бидејќи за толку ќе се намали струјата која ја преземаат од државните електрани. Иако произведената соларна енергија ќе се троши за потребите на пиварницата, се работи за интегрирана соларна електрана која вишокот произведена енергија може да ја предаде на јавната мрежа. Тоа ќе придонесе и кон намалување на емисиите на CO2 од 118,5 тони на годишно ниво.
Панелите кои се инсталирани се германско производство, а се очекува инвестицијата да се исплати за околу седум години под услов цената на електричната енергија да остане иста.
Погонот на чиј кров се поставени панелите е исто така нов и граден по принципот на зелена градина. Тој е енергетски ефикасен и со помало негативно влијание врз околината.
„Во Heineken Hrvatska се трудиме постојано да го намалиме штетното влијание врз околината бидејќи една од клучните стратешки одредници на нашата компанија е „зеленото“ односно еколошкото делување. Со инвестирање во соларни панели и енергија 100% добиена од обновливи извори покажавме дека сме вистински пријатели на природата.“, изјавила Валентина Белавиќ, директор на секторот за набавка во Heineken Hrvatska.