Која земја има најмоќен пасош во светот?

- Advertisement -

Компанијата Henley & Partners го објави најновото рангирање на пасошите во светот според тоа во колку земји може да се патува без виза. Истражувањетo покажува пораст на бројот на азиски земји во кои се патува без виза благодарение на договорите потпишани оваа година, пренесува Bizlife.

На врвот на листата годинава се најде Јапонија. Жителите на Јапонија можат без виза да патуваат во 189 од вкупно 218 држави. Од неодамна можат да патуваат без виза и во Узбекистан. Второто место на листата го делат Сингапур и Германија со 188 држави кои може да се посетат без виза.

- Advertisement -

На трето место се Финска, Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска, чии државјани можат без виза да патуваат во 187 држави. Жителите на Чешка можат без виза да патуваат во 182 земји, додека на петто место се пасошите на Унгарија и Словенија, со кои без виза се патува во 180 земји.

Македонија на листата се наоѓа на 41. место и со нашиот пасош без виза може да се патува во 125 земји. Од соседите помоќен е пасошот на Хрватска (16. место со 169 земји) и на Србија (36. место со 130 земји), додека полошо рангирани се пасошите на Црна Гора (43. место со 123 земји) и БиХ (47. место со 118 земји).

- Advertisement -

Меѓу најлошо ранираните пасоши се тие на Авганистан и Ирак, чии жители без виза патуваат во само 30 држави во светот, а малку подобри од нив се Сирија и Сомалија со по 31 држави.

Сподели!
- Advertisement -