Кинеска телевизија вработи робот како ТВ презентер

- Advertisement -

Xiaoice е најновата креација на Microsoft. Станува збор за вештачка интелигенција која има сладок глас, може да коментира податоци за временски услови и да најавува големи настани, а од неодамна си најде и работа. Xiaoice ќе работи како ТВ презентер на времето на кинеската утринска програма во живо Morning News. Ова е првиот робот кој има ваква работа, пишува Daily Mail. 

Нејзиниот глас звучи почовечки отколку сите други досега и поради успехот на Xiаoice сега вработените во телевизијата се прашуваат каква е иднината на нивните кариери. Роботот тежи 29 кг и висок е 1,21 метри, а од 6 јуни ќе работи како водител на телевизијата Nanning.

- Advertisement -

Morning News го додаде роботскиот софтвер во нивната програма во живо, каде што секој ден ќе го презентира времето. Иако за Xiaoice ова е телевизиско деби, роботот веќе стекна популарност на платформите WeChat, Weibo и JD.com. Роботот доби оценка 4,32 за природноста на изговорот, што е сосема солидно во споредба со 4,76 за еден човечки глас.

Со помош на техники за длабинско учење преку Smart Cloud и Big Data, Xiaoice ќе може да го анализира времето и да дава прогнози во живо. Ќе биде опремена и со технологија која ќе и овозможи да дава и емоционални коментари. Роботот е резултат на соработка меѓу Microsoft Applications & Services Group East Asia и Shanghai Media Group (SMG) TV News Center.

Сподели!
- Advertisement -