Најдобар менаџер за човечки ресурси за 2017 година е Елизабета Мирчевска од Атлантик Група

- Advertisement -

Елизабета Мирчевска, регионален директор за човечки ресурси во Атлантик Група е прогласена за најдобар HR менаџер за 2017 година. Изборот за најдобар HR менаџер, кој го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), се прави четврта година по ред со цел да се препознае, да се признае, да се промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Наградата значи и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, како една од носечките алки во делувањето на компанијата.

Петочлената комисијата за избор на HR менаџер на годината, составена од експерти во областа на човечките ресурси со долгогодишно искуство (двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и минатогодишниот носител на титулата), одлучи дека Мирчевска треба да ја понесе титулата за 2017 година поради нејзиниот придонес во развојот на оваа област со воведување иновативни практики за поддршка и мотивација на вработените во компанијата во која работи, а со тоа и во промовирање на важноста на професијата HR во општеството.

- Advertisement -

Веруваме дека компанијата ја сочинуваат вработените и затоа Атлантик Група посебен акцент става на управувањето со личниот раст и развој на кариерите на вработените, низ разни едукативни програми, од активен развој на лидерски вештини и талент менаџмент програми, до препознавање на млади таленти и развој на секој вработен низ индивидуални развојни програми“ изјави Мирчевска по повод добиеното признание.

Наградата најдобар HR менаџер на годината на Мирчевска и беше доделена во рамките на 10-тата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси, која во организација на МАЧР вчера се одржа во Скопје. Седум престижни професионалци и експерти од полето на човечките ресурси дебатираа на тема „From HR to RH– Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето), која е произлезена од тесната и нераскинлива врска меѓу човечките ресурси и почитта кон човечноста.

- Advertisement -

На конференцијата присуствуваа над 300 гости и учесници, а во текот на двата работни дена предавачите ги споделија своите искуства и визии во оваа областа и го презентираа своето стручно знаење, иновативни идеи и упатија препораки кои присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во која работат. Една од клучните препораки која што беше дадена е дека професијата управување со човечки ресурси треба да се користи за подигање на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, обезбедување достоинствени услови за работа и еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој на компаниите и општеството.

Сподели!
- Advertisement -