Toyota е највредниот автомобилски бренд! Кои се останатите?

- Advertisement -

Kantar Millward Brown го објави годишниот извештај за највредните брендови во автомобилската индустријата. Toyota ја задржа титулата и останува највреден авто бренд и во 2018 година, а на второто и третото место следуваат Mercedes и BMW.

Вредноста на јапонскиот автомобилски бренд порасна во однос на 2017 година за 5% и сега изнесува 29,99 милијарди долари.

- Advertisement -

Од Kantar Millward Brown, чија главна дејност е истражување на пазарот и рангирање на глобални брендови, процениле дека вредноста на второпласираниот Mercedes изнесува 25,68 милијарди долари, додека третиот BMW вреди 25,62 милијарди долари.

Двата германски бренда си ги сменија позициите на листата споредено со минатата година, кога BMW ја држеше позицијата број 2, а Mercedes беше на третото место.

- Advertisement -

Од четвртата до десетата позиција, рангирани се следниве автомобилски брендови: Ford, Honda, Nissan, Audi, Tesla, Maruti Suzuki и Volkswagen.

Сподели!
- Advertisement -