Фонд за иновации и технолошки развој најави дека ќе организира работилница на тема „Thinking Big – Како до глобален стартап“ која ќе се одржи следната недела на 5 јуни (вторник) во Јавна соба, конференциска сала од 9 до 16 часот.
Работилницата за улогата на акцелераторите, создавање на еко систем и стратегија за развој на стартапи и нивно лансирање на глобалните пазари ја водат експерти од Силиконска Долина кои во улога на основачи и ментори имаат помогнато на голем број старт ап компании:
– Kрис Бери (Chris Burry), Co-CEO на US Market Access Center и основач на Avande (Accenture), најголемата консултантска компанија во светот со обрт од преку 4 милијарди долари и повеќе од 30.000 вработени
– Стив Аделман (Steve Adelman), директор на Wharton Business School Accelerator во Сан Франциско, директор на управниот одбор на мрежата на бизнис ангели Wharton Alumni Angels of Sillicon Valley и ментор на LaunchPad на UC Berkley и Stanford.
Работилница е поделена на три сегменти и ќе опфати дискусија за стратегии за полесен пристап до глобалните пазари, презентација на веќе докажани практики и студии, потоа пренесување на искуства во областа на креирање на одржлив претприемачки екосистем, влијанието на изворите за финансирање, како и улогата на акцелераторите во целиот екосистем.
Вашето присуство задолжително најавете го на info@fitr.mk и за новости поврзани со информации следете го Фејсбук настанот на следниов линк.