Деветгодишно дете е најмладиот милионер во земјава

- Advertisement -


24-годишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година, остварил и пријавил доход од странство во износ 61,6 милиони денари, а 77-годишник со остварени 92,9 милиони денари доход, е највозрасниот милионер во евра, главно од дивиденди од компании во земјавa.

Најмладиот милионер во денари во земјава има 9 години со остварени нешто над еден милион денари од закупнина, а највозрасниот има 97 години и во 2022 година остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа, извести на прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Сподели!
- Advertisement -