Продадена резиденцијата во која отседнувал Тито во Њујорк

- Advertisement -

Пентхаусот на њујоршката Авенија Парк, некогашна резиденција на југословенските амбасадори во Обединетите нации, e продаден за 12 милиони долари во готово, потврди застапникот на продажбата, њујоршкиот трговец со недвижности Тристан Харпер.

Претставници од пет држави наследници на бивша Југославија во Њујорк потпишаа договор за заедничка продажба на резиденцијалниот стан на поранешна СФРЈ, купен во 1975 година на една од најпрестижните њујоршки адреси за 100.000 долари, пренесува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Продажбата морала да добие зелено светло од државите наследници, американскиот Стејт департмент и управата на зградата во која се наоѓа станот. Резиденцијата во која редовно престојувал југословенскиот претседател Тито кога доаѓал на собранијата на Обединетите нации има 13 соби, четири спални соби, четири тераси и три камини. Но, станот е во лоша состојба и новиот сопственик мора да инввестира многу во обновата. Купувачот е од Њујорк и се занимава со финансии.

Сподели!
- Advertisement -