ВИДЕО: Google лансираше апликација која ќе го смени начинот на кој купуваме онлајн

- Advertisement -

Доколку сакате шопинг, ќе посакате уште веднаш да ја инсталирате новата апликација на Google. Сите знаеме колку фрустрира кога покрај нас ќе помине некој што носи парче облека кое посакуваме да го имаме, а не знаеме каде да го најдеме. Било да е тоа фустан, фармерки, чевли или чанта, сите сме се нашле во ситуација да сакаме да сопреме некој странец на улица за да го прашаме каде си ги купил. Сета таа мака сега ќе се заврши благодарение на новата апликација на Google – Style Match, пишува Buro 24.

Апликацијата функционира така што го насочувате телефонот кон некое парче облека што сакате да го поседувате и Google со помош на софтвер за препознавање лице ќе почне да пребарува исти или слични опции кои можете да ги купите онлајн преку Google Shopping. На овој начин можете да пребарувате и некои предмети од домот како столови, маси итн. Ова е прв пат една камера да биде опремена со вакви опции, што ја прави апликацијата уште пореволуционерна. Засега  Style Match е достапна само за Android телефони.

Сподели!
- Advertisement -