Иако сателитот имаше неколку проблеми со еден од инструментите, погледот на нашата планета забележан на 20 мај изгледа неверојатно.
Goes-17 е испратен во Земјината орбита за да работи заедно со моделот GOES-16, уште еден сателит за време кој НОАА го лансираше во 2016 година.
Двата сателити, кои се дел од таканаречената GOES-R серија, можат да скенираат поголем дел од западната хемисфера од африканскиот брег, па се до Нов Зеланд.
Нивните впечатоци од речиси 36.000 километри над Земјата се клучни за следење на урагани, суша, пожари и магла. Покрај тоа, сателитите можат да ни понудат неверојатен поглед на нашата планета.
Ако експертите не успеат да го поправат системот за ладење, ќе разгледаат алтернативни концепти и начини за максимално да се искористат сите можности на сателитот.