До 2025 година, 70% од DHL ќе ги извршува пратките со електрични возила и велосипеди

- Advertisement -

DHL Македонија годинава одбележува 25 години постоење во земјава со претставување на досегашните успеси и достигнувања, како и презентирање на глобалната стратегија за одржливо бизнис делување, глобално и во земјава. Компанијата е лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика во Македонија, со доминантно пазарно учество во полето на курирскиот транспорт, обезбедувајќи секојдневна поддршка на над 4000 компании и институции во земјава во нивната меѓународна комуникација.

DHL од самиот почеток е насочен кон иновации и воведување на нови технологии и нови услуги за своите корисници, како и корпоративна стратегија за одговорно бизнис делување. Како општествено одговорна компанија, DHL глобално и локално се концентрира на заштитата на животната средина (GoGreen), управувањето со катастрофи и овозможување помош (GoHelp), образованието (GoTeach) и поддршка на волонтерите (Global Volunteer Day, Living Responsibility Fund).

- Advertisement -

Преку програмата GoGreen за заштита на животната средина, DHL групацијата дефинираше нова глобална цел: Нула емисија на штетни гасови до 2050 година.

„Одржливоста одамна стана едно од најважните прашања на нашето време. Нашиот придонес кон поголема одржливост низ целиот свет е зелената логистика. За да реализираме поодржлива иднина, важно е да размислуваме пошироко и  визионерски. Нашата нова мисија за одговор на климатските промени е да се намалат емисиите поврзани со логистиката до нула до 2050 година, а DHL Македонија се подготвува за да ги пресретне зацртаните цели“, изјави Радослав Нановиќ, генералниот директор на DHL Македонија.

- Advertisement -

За да успее во остварувањето на оваа визија за логистика, DHL воспостави голем број на амбициозни времени цели низ главните акциони области на нивната стратегија за одржливост.

До 2025 година, 70% од превземањата и доставите DHL ќе ги извршува со електрични или ниско загадувачки возила и велосипеди. Во рамките на својата стратегија за заштита на животната средина, DHL ќе едуцира и сертифицира 80% од своите вработени, вклучувајќи ги во своите GoGreen бизнис решенија. Истотака, заедно со своите партнери, ќе засади еден милион дрва годишно низ земјите во кои оперира.

- Advertisement -

На македонскиот пазар, DHL нуди широк спектар на услуги во домашниот и меѓународниот транспорт, а  од 2001 година па наваму, DHL Експрес Македонија дневно е поврзан со меѓународната DHL мрежа со сопствен карго авион со носивост од 5 тони, кој сообраќа 5 пати седмично од и кон Скопје, во сите работни денови. Благодарение на оваа инвестиција, корисниците од Македонија ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) како и во земјите од ЕУ, без разлика на големината и тежината на нивните пратки.

DHL Експрес Македонија има 57 професионално обучени вработени и располага со сопствен возен парк од 30 возила што овозможува непречено функционирање и апсолутно покривање на целиот востановен процес на работа, кој функционира подеднакво во секој дел на мрежата.

Компанијата ја покрива територијата на Република Македонија преку мрежа на свои испостави и агенти стационирани во 12 градови во земјата.

Сподели!
- Advertisement -