Здружени турски компании ќе го прават првиот турски автомобил

- Advertisement -

Пет здружени турски компании: Anadolu Group, BMC, Kok Group, Turkcell и Zorlu Holding планираат да го направат првиот турски автомобил.Компанијата која ќе го произведува автомобилот се вика Турска автомобилска иницијативна група, а за извршен директор е именуван успешниот турски менаџер на глобалниот пазар за автомобили, Мехмет Ѓурчан Каракас. Каракас изјави дека во последните 12 години активно учествувал на полето на автомобилската технологија, пишува Bizlife.

Бидете сигурни дека Турција ќе произведе конкурентен бренд на глобалниот пазар“ додаде Каракас. Иницијативата за производство следи по повикот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на заедничкиот автомобилски проект на Унијата на комори на Србија и Министерството за наука, индустрија и технологија на Турција.

- Advertisement -

Во ноември минатата година Ердоган најави дека прототипот на првиот произведен автомобил, чие производство ќе се одвива во Анкара, ќе биде готов во 2019 година и ќе се најде на пазарот до 2021 година. „Сакам да го поседувам првиот произведен турски автомобил под услов да платам за него. Никој не треба да се сомнева дека ќе произведеме автомобил со најдобар дизајн и технологија како за нашата земја, така и за светот“ изјави Ердоган.

Турција во 1961 година се обиде да го направи првиот турски автомобил, Devrim (револуција), но тој обид беше неуспешен и производството беше стопирано после првите прототипови.

Сподели!
- Advertisement -