Зошто успорува деценискиот раст на пазарот на паметни телефони?

- Advertisement -

После големиот раст кој пазарот на паметни телефони го имаше цела деценија, почна да се забележува стагнација и за прв пат е забележан пад на продажбата на паметните телефони откако во 2007 година беше претставен iPhone.

Како што пренесува Poslovni Dnenvik, аналитичарите сметаат дека за оваа ситуација се заслужни неколку фактори како на пример недостатокот на нови алатки кај телефоните кои би ги воодушевиле потрошувачите, подолгото користење на телефоните, но и заситување на клучните пазари, како кинескиот.

„Пазарот го достигна својот врв, тоа е суштината. Ова не значи крај за паметните телефони, туку крај на растот на овој пазар.“, изјавил Боб О’Донел, аналитичар и консултант од компанијата Technalaysis Research која се занимава со анализа на пазарот.

- Advertisement -

До заситување на пазарот дојде на сличен начин како во случајот со таблетите и личните компјутери пред неколку години.

„Ова не значи дека не се работи за силен пазар, напротив, пазарот е огромен, но оние кои произведуваат и продаваат паметни телефони мора да почнат да размислуваат поинаку.“, истакнал О’Донел.

- Advertisement -

Производителите на паметни телефони веќе не смеат да размислуваат на брзорастечка продажба и наместо тоа мора да бидат повеќе компетитивни и да се натпреваруваат со конкуренцијата, сметаат аналитичарите.

Samsung и понатаму е предводник на пазарот, но предноста што јужнокорејската компанијата ја има пред американскиот Apple почнува да се намалува. на третото место се наоѓа Huawei, а брзо расте и нивниот ривал Xiaomi и покрај тоа што не е присутен на американскиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -