Денеска SpaceX ќе лансира тајна мисија насловена Zuma

- Advertisement -

Денеска, 16 ноември SpaceX ќе испрати тајна вселенска мисија наречена Zuma надвор од нашата атмосфера. Компанијата на Илон Маск тестираше ракета Falcon 9 на 1 ноември со намера да се лансира мисијата на 15 ноември. Датумот беше променет за еден ден и може повторно да се одложи, но Zuma мора да се лансира најдоцна до 30 ноември. Зошто мора тоа да се случи до крајот на месецот не е познато.

Како што пишува Engadget, SpaceX ќе ја испрати мисијата за американската влада. Единствено што е познато е дека пристапот до информации е ограничен. Не е прв пат SpaceX да лансира тајни мисии, влучувајќи и шпионски сателит за Националната извидничка канцеларија и уште една мисија за Министерството за одбрана. Сепак, овој пат зад Zuma изгледа не стои ниедна владина агенција.

- Advertisement -

Она што е познато е дека ракетата ќе се движи во долниот дел од Земјината орбита и ќе тргне од Вселенскиот центар Кенеди.

Сподели!
- Advertisement -