Илон Маск ги одложи туристичките летови околу Месeчината

- Advertisement -

 

Вселенските туристи ќе мора да почекаат барем до средината на идната година, а можеби и подолго за да можат да патуваат околу Месечината со бродовите на компанијата на Илон Маск, SpaceX, пишува N1info. Новата програма со летови уште не е објавена, но засега е одложена барем до средината на 2019 година, а веројатно и подоцна од тоа.

- Advertisement -

Компанијата со седиште во Калифорнија првиот туристички лет до Месечината првично го најави за крајот на 2018 година. Причината за доцнењето не е јасна, но се зборува дека технички и производни предизвици ги пореметиле плановите на основачот Илон Маск за истражување на Сончевиот систем во кое ќе учествуваат луѓе.

Кога ќе биде се подготвено, туристите ќе патуваат до Месечината со капсулата Dragon, која ќе ја носи најсилната ракета на SpaceX, ракетата Falcon Heavy, која пред само четири месеци беше успешно лансирана. Портпарол на SpaceX изјави дека компанијата не се откажува од планираното праќање на туристи до Месечината и дека расте интересот на луѓето за овој вид туризам.

- Advertisement -

Доколку се оствари, ова би бил првиот таков лет по завршување на американската мисија Apollo на почетокот на 70-тите години и најоддалечената точка од вселената до која дошол човекот.

Сподели!
- Advertisement -