ТАВ го пречека првиот лет од Варшава на аеродрoмот во Охрид

- Advertisement -

Со традиционална церемонија на поздравување вклучувајќи го и поздравувањето со воден мост и шарени колачиња за патниците, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Варшава кој пристигна вчера попладне во 16:20 часот на oхридскиот аеродром Св.Апостол Павле , во организација на полскиот тур-оператор Rainbow, опериран од страна на авиокомпанијата Enter Air. Авионите се од моделот Боинг 737-800.

- Advertisement -

Новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава, почнувајќи од 4 јуни, ќе се одвиваат секој понеделник за време на летната сезона сѐ до 21 септември.

„Многу сме среќни што го одбележуваме проширувањето на нашето работење на аеродромот во Охрид, денес, со додавање на Варшава како нова дестинација, која е втората дестинација од Полска што ја воведовме во изминатата една година, откако во летото 2017 година беше отворена линијата Катовице-Охрид. Сезонските летови од Варшава, организирани од Рејнбоу и Ентер Ер, треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид, додека заедно со летовите од Катовице, организирани од Rego Bis и Small Planet Airlines, очекуваме да слетаат вкупно 9.000 патници од Полска на Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, во текот на летото 2018 година.“, изјави Јигит Лачин, Координаторот на аеродрoмите на ТАВ Македонија.

- Advertisement -

Rainbow е еден од двата најголеми полски тур-оператори и соработува со полската чартер авиокомпанија Enter Air, која лета со авиони од типот Boeing 737-800.

„Многу сме горди што сме важен дел од новата авиолинија меѓу полскиот главен град Варшава и неверојатениот македонски град Охрид. Сега ќе можеме да им ја покажеме уникатната убавина на оваа земја на полските туристи. Благодарение на оваа конекција, полскиот народ може да биде поблизу до Македонија како никогаш порано. Исто така, се надеваме на совршена соработка со Владата на Македонија и со Градот Охрид, преку развој на авиолинии од Полска.“, изјави Емилија Братковска, Шеф на Одделот за маркетинг и односи со јавност на Rainbow.

- Advertisement -

ТАВ Македонија има фрекфетна летна сезона на аеродромот во Охрид. Летната сезона беше отворена на 15 април со отворањето на новата рута Истанбул-Охрид, со Онур ер. Проширувањето на мрежата на рутите продолжи, додавајќи ги Ајндховен, Талин и Варшава, како нови дестинации.

Со овие четири нови сезонски летови отворени во 2018 година, и постоечките кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има 8 сезонски дестинации за време на летната сезона и три редовни рути во текот на годината – Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година, Wizzair ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.

Во првите пет месеци од 2018 година (јануари – мај), вкупно 822.678 патници патувале преку двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, со пораст од 20% на годишно ниво. Во исто време вкупниот број на летови е 7.196, со 17% пораст на годишно ниво.

Сподели!
- Advertisement -