Како што беше најавено неделава, Off-White и Nike се здружија за заедно да го одбележат почетокот на Светското првенство во фудбал 2018 година со нова колекција облека и обувки, вклучувајќи и шарени верзии на Zoom Fly Mercurial Flyknit, пишува Poslovni Puls.
Наместо само една верзија, Nike и Off-White се одлучија за две верзии од истите патики: еден пар во црна боја со бели и сини точки, а вториот во привлечна портокалова боја со исти детали. Во дизајнот на овие патики за трчање Вирџил Абло, моден дизајнер, остана верен на својот изворен дизајн за Mercurial Vapor 360, кој исто така ги содржи истите точки на местата со кои најчесто се удира топката.
Тој тврди дека низ целата колекција се обидел да го задржи истиот стил како и со копачките затоа што вашите патики потсвесно ве наведуваат додека вежбате да имате исто чувство како да сте на терен.